четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Викендов мото трка во Кавадарци

Викендов мото трка во Кавадарци

На трката ќе учествува и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.Патеката се протега на патниот правец од Брана Моклиште – Витачево и е во должина од 5,3 км

По речиси повеќе од десетгодишна пауза автомобилистичкиот спорт и високите октани повторно се враќаат во Кавадарци, преку претстојниот ридско – брзински натпревар на патеката Кавадарци – Витачево. Овие натпревари најпрво се одржувале во рамки на Југословенскиот, а подоцна и во рамки на Македонскиот шампионат и истите важеле за едни од најдобро организираните мото натпревари за своето време.

Оваа година натпреварот ќе се одржи на 28- ми и 29- ти септември на патеката која се протега на патниот правец брана Моклиште – Витачево и е во должина од 5,3 км ( фотографија во прилог ).

Свое учество во трката ќе земе и Градоначалникот г-дин Митко Јанчев.

За оваа трка во двата дена се предвидени две локации, Градски плоштад и брана Моклиште.

Сабота – 28.09.2019 г.

Градски плоштад 10 часот започнуваат техничките прегледи и верификациите а потоа и поаѓање кон стазата за тренинг возење.

Недела – 29.09.2019 г.

Градски плоштад 9:30 часот Свечено отварање а потоа поаѓање кон стазата на брана Моклиште.

Поради оваа организирана мото трка се известуваат граѓаните дека патот во двата правци, од Брана Моклиште до Витачево во должина од 5,3 км , ќе биде целосно затворен за сообраќај.

 

Коронавирус