сабота, 17. август 2019. Вести денес: 51
home Општини

ВИДЕО: Состојбата со пожарот во Дебрца станува алармантна, огнот се приближува до првите куќи

ВИДЕО: Состојбата со пожарот во Дебрца станува алармантна, огнот се приближува до првите куќи

Состојбата со пожарот во Дебрца станува алармантна. Огнот слегува кон селото. Жителите се екипираат и бараат помош. Огнот се приближува до првите куќи од селото. Жителите на Велмеј и Месната заедница бараат помош. Претпладнево огнот се гасеше и од воздух, но попладнево екипите заминале образложувајќи дека им треба одмор, објави Охрид1.

 

Posted by Велмејска Парохија. Македонија on Понеделник, 12 август 2019

Инаку пожарот избувна вчера во 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума. Гори шума со смрека и бор.