среда, 2. декември 2020. Вести денес: 193
home Општини

ВИДЕО: Се асфалтира каде ќе се стигне- Стравот од пораз ги натера СДСМ и Георгиески да не бираат средства за да дојдат до глас повеќе

ВИДЕО: Се асфалтира каде ќе се стигне- Стравот од пораз ги натера СДСМ и Георгиески да не бираат средства за да дојдат до глас повеќе

Откако година и пол власта на СДСМ и Константин Георгиески ја поминаа во зимски сон и ништо што ветија не остварија, деновиве пред гласањето за предвремените локални избори во Охрид, цела градежна механизација е на терен и се асфалтира каде ќе се стигне. Целта на ваквата привидна градежна офанзива е да се освои глас повеќе и да се ублажи поразот кој им следува, пренесува порталот Охрид 24.

Во страв и паника од поразот, СДСМ и Константин Георгиески не бираат средства за да дојдат до глас повеќе, па макар и тоа значело потценување на интелигенцијата на охриѓани.

Се поставува само прашањето каде се надлежните институции, Антикорупциска комисија, ОБСЕ-ОДИХР, кои треба да го следат изборниот процес. Дали ќе останат слепи на ова брутално прекршување на законите.

Коронавирус