недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

ВИДЕО: „Караван на слободата“ низ улиците на Струмица

ВИДЕО: „Караван на слободата“ низ улиците на Струмица

Храбри струмичани, слободни сограѓани, откако политичкиот карневал полека стивнува, предупредуваме на паѓање на маските и прикажување на вистинското лице на наложувачите на немедицинските мерки за одземање на нашите права и слободи под изговор за справување со здравствената криза, објавува Струмица Денес.

Како што навидум ,,паѓаат” некои рестриктивни мерки кои и така беа апсурдни, неодржливи и неспроведливи, така остануваат во сила сертификатите, наменети единствено да ви ги одземат и стават под туѓа, не ваша(!) контрола- вашите права и слободи!

-Јасно ја нагласуваме уште еднаш опасноста на која што долго предупредувавме дека делта сојот е тука заради децата и дека најавите за скрининг или тестирање на учениците е со цел тие да се подложат на непотребно ,,боцкање” за кое никој не ви гарантира какви долготрајни последици по нивното здравје може да има. Дали ќе го дозволите тоа мирно гледајќи?!

Како да не се доволни маските кои што ги трауматизираат децата и психолошки и физиолошки, па многу од децата веќе пројавуваат респираторни алергии и други здравствени проблеми проозлезени од непотребното носење маски кое преминува во изживување врз децата во училиштата каде нерационалните и медицински неоправданите протоколи строго се почитуваат и наметнуваат, и покрај тоа што ги кршат и уставот и законите и меѓународните конвенции!

Затоа, не само ако сте против носењето маски за децата во училиште, или ако сте против сертификатите, или ако сте против тестирање и извесното боцкање на децата од 12 години па нагоре, туку ако најмногу сте за слобода, правда и демократија, придружете се на спонтаната граѓанска иницијатива ,,слободни луѓе за живот без страв и без сертификати.

Да му застанеме на патот на овој карневал и со нашите возила да одржиме уште еден караван на слободата низ улиците на Струмица, и да им порачаме на сите непријатели на слободата, човековите права и демокраријата:

„Оставете ги децата!

Доста со дволичноста: маските се за карневал, не се за да ги трауматизираат нашите деца!“
Нема отстапување, нема откажување! До конечна победа и слобода и еднакви права за сите, улиците се нашиот дом, а слободата наша вистина, се наведува во објава на Струмица Денес.

Коронавирус