среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 8
home Општини

Видео интервју на кандидатот за градоначалник на Охрид, Милошески за ТВМ

Видео интервју на кандидатот за градоначалник на Охрид, Милошески за ТВМ

ТВМ во домот на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, познатиот неврохирург Митре Милошески. Родум од село Битуше, високо на Кораб планина, татко му Перо бил учител, а мајката Јованка работничка, па се доселиле во Охрид.

Детството го минал во градот под Самоиловата тврдина, тука завршил основно и средно образование, а потоа заминал на медицинскиот факултет во Скопје, кој го завршил во рекордно време. Првото вработување му е во близина на родното место, во Здравствениот дом во Ростуше, но набрзо се вработува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, каде се уште работи, цели триесет години.

Медицината и Хипократовата заклетва во семејството Милошески се пасија. 55 годишниот доктор е среќно оженет со лекарка интернист Валентина Милошеска. Имаат две деца, ќерка и син и двајцата млади доктори, ќерката Моника по стапките на тато – невролог, а синот Петар работи во истата болница но се уште специјализира ортопедија. Најголемата радост во семејството е внуката Ирина, таа е инспирација и мотив за мир и хармонија.

-„ Ете така се посветивме цело семејство. Ќерка ми е мажена и од неа имаме нешто што е највредно внука Ирина. Целото слободно време го посветуваме на неа, ако има лек за душата тоа биле внуците еве вака искрено да ви кажам. На сите искрено им пожелувам да имаат внуци и така да им се исполни животот“, вели Милошески.

Живеат во куќа над Стобекс, со убаво уреден двор, топло хармонично гостољубиво семејство, расположен и насмеан докторот не пречека и домаќински не почести со домашна ракија. Милошески вели среќен го прават неговите задоволни пациенти.

-Чудно, но среќен ме прави туѓата среќа. Здравјето на луѓето ме прави многу среќен. Кога луѓето ми кажат еве подобро ми е. Ме прави среќен кога луѓето ме препознаваат. Ме прави среќен успехот на семејството, успехот на моите деца, најмногу ме прави среќен внуката од неа ми доаѓа неверојатна сила, вели Милошески.

Охрид за него е божева убавина, место кое никогаш не би го напуштил и место каде сака да ја гради иднината на неговите деца и внуци.

-„Јас го доживувам Охрид како дел од себе, нераскинлив дел од мене и не можам да гледам што се случува со Охрид, а јас да бидам нем набљудувач и да речам така треба да биде. Чудна е ситуацијата никогаш вака не било јас во Охрид сум речиси 45 години никогаш Охрид не бил вака бездушен без луѓе. Охрид стално имал душа. Јас го доживувам Охрид во моментов како да има потреба да му се помогне Охрид бара помош, вели не може вака повеќе“, вели Милошески.

Целото интервју погледнете го тука.

Коронавирус