вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

ВИДЕО: Битолчанец украде стол од пред локал- сопственикот го бара за да му го даде и другиот

ВИДЕО: Битолчанец украде стол од пред локал- сопственикот го бара за да му го даде и другиот

Во петокот, во околу 02:30 часот по полноќ, од пред еден локал во Битола, маж украл стол, оставен пред самиот локал.

Кражбата на столот била снимена од безбедносната камера, а сопственикот ја објави снимката на Фејсбук.

„Ако го познава некој чичкото нека му каже да дојде ќе му го дадеме и другиот стол“, стои во опис на видеото.