петок, 30. септември 2022. Вести денес: 167
home Општини

ВИДЕО: Беровски средношколец ги посрамоти сите што фатија крст за Водици

ВИДЕО: Беровски средношколец ги посрамоти сите што фатија крст за Водици

Средношколецот Владимир Методиев од Берово кој при чинот на осветување на водите на реката Брегалница во Берово го фати светиот крст од студената вода, денеска одржа лекција по хуманост, јавува televizijastar.com

Тој од средствата што ги добил за крстот, купи смарт телевизор и соковник и ги донираше на децата згрижени во малиот детски групен дом во Берово.

“Јас самиот се одлучив на оваа донација, дојдов во домот и видов дека децата немаат телевизор”, кажа Владимир Методиев.

За овој 17-годишник,кој е и одличен ученик во беровската гимназија „Ацо Русковски“, чинот на фаќањето на крстот носи хумана порака, а не материјална корист за среќниот фаќач на крстот.

Тоа е посебно чувство што ја исполнува душата и тоа не се надомесува со материјални средства. Најдобро е парите кои ќе се добијат од чесниот крст да се донираат бидејќи сите се фрлаат за здравје, а не да добијат некои материјални средства и да ги потрошат на самите себе, смета Методиев.

Владимир ги донесе подароците додека 7-те деца згрижени во домот беа на училиште.

Видеото подготвено од Даниела Такева на следниот линк

Коронавирус