недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 39
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Општини

Велешани му дадоа црвен картон на Коцевски: 91 процент од граѓаните незадоволни од работата на градоначалникот

Велешани му дадоа црвен картон на Коцевски: 91 процент од граѓаните незадоволни од работата на градоначалникот

По катастрофалната онлајн анкета за власта спроведена од Макфакс на која што од 6-мина понудени градоначалници од редовите на СДСМ повеќе од 60 проценти од граѓаните порачаа дека не би гласале за ниту еден од нив, уште една поразителна анкета за власта.

Имено на Фејсбук страницата Велес беше спроведена анкета за тоа колку граѓаните се задоволни од работата на актуелниот градоначалник Аце Коцевски.

Прашањето гласеше „Дали сте задоволни од досегашната работа на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски?“.

Резултатите се поразителни за власта, само 136 граѓани од вкупно 1500 кои гласале се изјасниле дека се задоволни од работата на градоначалникот, а неверојатни 1374 истакнале дека не се задоволни од сработеното. Изразено во проценти, само 9 проценти од граѓаните се задоволни од Коцевски додека 91 процент од велешани не се задоволни од она што тој го има сработено. Анкетата е спроведена во период од 7 дена на Фејсбук.

Фејсбук страната на Велес има над 19 илјади следачи.

Со овие бројќи малку е веројатно дека актуелниот градоначалник ќе добие уште еден мандат, но овие бројќи се уште поголем показател за она што граѓаните го мислат за актуелната власт и падот на довербата кон Зоран Заев и како и локалната власт на СДСМ. Од овие бројќи јасно е зошто тоа Заев не прифаќа предвремени избори пред октомври 2020.