четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Вечер: Штипскиот затвор врши тортура над затворениците и им ограничува права

Вечер: Штипскиот затвор врши тортура над затворениците и им ограничува права

Затворот во Штип е државна истанова која мора да ги почтува джавните закони и стандардите за установи од тој вид но, според постојани жалби на затворениците и нивните роднини веќе подолг период правилата не се почитуваат, а институциите задолжени за контрола на работата на затврот во Штип не реагираат. Според меѓународните стандарди ваквите прекршоци кон затворениците се сметаат за тортура.

Имено, Мики Тодоров, директорот на затворот во Штип од пред неколку дена забранил на затворениците да им се доставува храна од страна на нивните роднини онака како што тоа се практикува во другите затворски институции во државата. Доставата е ограничена на тежинска категорија од 10 килограми за цел месец, а во тие десет килограми спаѓаат, освен храна, и доставени облека и сретства за лична хигиена.

За споредба, во скопскиот затвор во Идризово дозволна е достава на наведените продукти од пет килограми – но, секој ден, или месечно околу 150 килограми храна, облека и сретства за хигиена. Ако се знае дека во наредните студени денови треба да се донесе и достави до затворениците гломазна облека, како јакни, чизми и слично, цлиот месечен лимит од десет килограми тежина отпаѓа само на еден сет облека, без можност да се достави храна или сретства за хигиена.

Освен ова директорот, за разлика од праксата на другите затвори, ограничил посета на затворениците само од страна на неколкумина најбилски во семејството без можност затворениците да бидат посетувани од роднини и пријатели со кои не живеат во ист дом, што е исто можност и така пракса во другите затвори, а особено затоа што во Штип казна издржуваат и лица кои се осудени на десет или повеќе години затвор.

Директорот Мики Тодоров е кадар на СДСМ.

ИЗВОР: ВЕЧЕР.МК