среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Општини

Важна вест за кумановци кои денеска имаат закажано термин за аплицирање за лични документи

Важна вест за кумановци кои денеска имаат закажано термин за аплицирање за лични документи

СВР Куманово ги информира граѓаните дека објектот во кој е сместено одделението за управни работи е без напојување со електрична енергија поради дефект.

Според насоките од ЕВН Македонија што ги добила кумановската полиција, дефектот ќе биде отстранет до 15 часот.

СВР Куманово ги информира граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за лични документи, дека ќе им излезе во пресрет за да се стекнат со документите, веднаш по создавање услови за непречено функционирање.