среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 108
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Општини

Васко Панчовски по втор пат го извади светиот крст од водите на река Брегалница во Делчево

Васко Панчовски по втор пат го извади светиот крст од водите на река Брегалница во Делчево

Втора среќа за делчевецот Васко Панчовски кој денес од водите на река Брегалница го извади чесниот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

На христијанската традиција и претходеше црковна богослужба, осветување и лицитација на иконите за скокање по крстот во водите на река Брегалница беа пријавени 30 тина кандидати. Најсреќниот меѓу нив беше Васко Панчовски на кој од седмиот обид ова му е втор пат да го фати крстот.

-Ова е седми обид да го фатам крстот. Еве денес имав среќа пак да бидам најсреќниот. Да сме здрави и живи, им го честитам празникот на сите граѓани и им посакувам среќа и здравје, рече Панчовски.

Од страна на општина Делчево, Панчовски доби награда во вредност од 10 илјади денари додека компанијата „Зегин“ му додели телевизор. (МИА)

 

Коронавирус