недела, 22. јули 2018. Вести денес: 60
home Општини

Вардар во Велес месецов над просекот за април

Вардар во Велес месецов над просекот за април

Според информацијата од Центарот за управување со кризи Вардар во Велес сите денови досега во април, бил со ниво кое е над просекот за април кој изнесува 108 сантиметри.

Вредностите кај Стар мост редовно ги мерат од УХМР.

Инаку највисок водостој од 170 сантиметри бил измерен на 8 април, а во изминатите седум  денови варирал од 130 до 160. Во саботата  бил 160, а  вчера и денеска биле измерени 150 сантиметри.

Стручњаците појаснуваат дека причина за ваквата состојба со Вардар имаат зголемените температури кои придонеле за топење на снегот, а со тоа и зголемување на водостојот на реките.

Воедно по денешниот краткотраен дожд и дождот во наредните денови, се очекува понатамошно зголемување на водостојот и со тоа зголемување на нивото на реката Вардар.

МИА