недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Општини

Вардар и Бабуна кај Велес неисправни за капење, безбедно во езерото „Младост“

Вардар и Бабуна кај Велес неисправни за капење, безбедно во езерото „Младост“

Реките Вардар и Бабуна во околината на Велес се неисправни за капење и наводнување, соопшти денеска стручен тим на ЈЗУ Центарот за јавно здравје Велес согласно анализите на водите од последниот месечен увид.

Според овие анализи, само водите на езерото „Младост“ во близина на Велес се епидемиолошки сигурни и можат да се користат за капење и рекреација.

Како што појасни за МИА прим. д-р Снежана Петрова, квалитетот на водите на езерото „Младост“се испитува на пет мерни места кои претставуваат здравствен интерес.

– Од резулатите на испитаните мостри вода земени во мај и јуни се заклучува дека квалитетот на водите на акумулацијата „Младост“ одговараат на бараните микробиолошки критериуми, а отстапувањето од бараната втора класа се однесува на параметри како: зголемена матност, сатурација, кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето и можат да се користат за капење, рекреација и наводнување, потенцира д-р Петрова.

Таа појаснува дека следењето на квалитетот на водите на река Бабуна се врши на едно мерно место викано Плажа 1, во долното течение на Бабуна кое е најпосетено од граѓаните и има голем број викендички.

Како што потенцира Петрова, како и во изминатите лета и ова лето најкритична е состојбата со водите во реката Вардар кај Велес.

– Следењето на квалитетот на водите на реката Вардар се врши на две мерни места и тоа на мерните места кај мостот на Башино село и кај Долни Дуќани-излез од Велес. Од резулатите на испитаните мостри вода земени во март се заклучува дека водите на река Вардар се во петта класа по присутна матност и по присуство на органски материи, четврта класа по бактериолошка контаминација, трета класа по присуство на амонијак и нитрити и поради тоа водата не треба да се користи за капење, рекреација и наводнување, потенцира д-р Петрова.вардар

Коронавирус