сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 12
home Општини

УЖАСНО НЕВРЕМЕ ВО КУМАНОВО: Поплавени куќи, подрумски простории, гаражи и булевари (ФОТО)

УЖАСНО НЕВРЕМЕ ВО КУМАНОВО:  Поплавени куќи, подрумски простории, гаражи и булевари (ФОТО)
ФОТО:ИЛУСТРАЦИЈА

Поројниот дожд што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во повеќе населби во градот. Според првичните информации од Регионалниот центар за управување со кризи, поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Доброшане, како и подрумски простории, гаражи и дворови зад гимназијата и на дел од булеварите.

Првичните информации од оперативците на РЦУК Куманово се дека се појавило и странично свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ за што се информирани надлежните институции.

– Екипите на „Водовод“ веќе се на терен и се обидуваат да ја исцрпат водата од поплавените простори, изјави директорот на претпријатието Горан Стојковски.

Поројниот дожд го зафати Куманово пред 15 часот и непрекинато врнеше речиси еден час со силен интензитет и силни електрични празнења.