понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 106
home Општини

Утре протест пред општина Куманово

Утре протест пред општина Куманово

Жителите на улицата „Киро Фетак“ во Куманово, претежно со албанско население, утре ќе протестираат пред општината затоа што, како што велат, веќе две недели се соочуваат со недостиг на вода, пишува Лајм.

Тие се лути што во 21 век се соочуваат со недостаток на овој елементарен услов за животот.

-Водоводните цевки во нашето соседство датираат од 1968 година. Поминаа повеќе од 50 години а цевките сеуште се исти. Секојдневно има дефекти, прекини. Сеуште не се исполнети ветувањата дадени пред две години, вели еден револтиран жител. Протестот ќе започне во 12 часот, а жителите велат дека ќе протестираат сè додека не се надмине проблемот со кој се соочуваат.