четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 15
home Општини

Успешна акција на четворица пожарникари: Со само еден камион успеале да изгаснат пожар на тешко достапен терен над тетовско Гајре

Успешна акција на четворица пожарникари: Со само еден камион успеале да изгаснат пожар на тешко достапен терен над тетовско Гајре

Четворица пожарникари со само еден камион успеаја да изгаснат пожар на тешко пристапен терен во шумскиот предел над тетовско Гајре. Интервенцијата е извршена во периодот од 13 до 14 часот и 30 минути и на тој начин е спречно да стигне до првите објекти на селото.

– За да се спречи ширење на овој пожар спроведувани беа црева од камионите низ шумата до местата каде имаше оган и на тој начин се стигна до непристапниот терен, информираат тетовските пожарникари.

Денеска пожарникарите интервернирале на пожар во атарот на Брвеница и во близина на основно училиште во Тетово.

Изминатиот период голем број пожари беа изгаснасти низ тетовските ниви каде изгореа десетици хектари пченица и други земјоделски култури. (МИА)

Коронавирус