недела, 22. мај 2022. Вести денес: 0
home Општини

Уште три слободни кревети во штипската болница, повозрасната популација на удар од омикрон

Уште три слободни кревети во штипската болница, повозрасната популација на удар од омикрон

Вирусот омикрон се шири меѓу поврасната популација во штипскиот регион, покажуваат последните анализи на Центарот за јавно здравје – Штип.

Според директорката Марија Димитрова, деновиве меѓу заболените доминира популацијата над 55 години.

-Околу Новогодишните празници со коронавирусот беше заразена пред помладата популација од 18 до 39 години, поради забавите и седенките во затворен простор. Деновиве имаме спорадични случаи на заразени.
Последните извештаи покажуваат дека деновиве доминира популацијата над 55 години, вели Димитрова за МИА.

Штипското Инфективно одделение на работ на исполнетост. Според денешниот здравствен билтен има само три слободни болнички кревети, а се пополнети вкупно 57.

Вкупно 39 пациенти се на постојана кислородна поддршка. Во дневната амбуланта инфектолизите имале 50 прегледи на пациенти, а битката со вирусот ја има загубено штипјанец на возраст од 81 година.

Коронавирус