среда, 2. декември 2020. Вести денес: 144
home Општини

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево до градоначалникот: Граѓаните го видоа вашето лицемерие Томе со лажните ветувања и фамилијарните вработувања и унапредувања

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево до градоначалникот: Граѓаните го видоа вашето лицемерие Томе со лажните ветувања и фамилијарните вработувања и унапредувања

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, вчера пиша дека лицемерие било тоа што ВМРО-ДПМНЕ го посети Норово, велат од Унијата на млади сили.

-Граѓаните го видоа вашето лицемерие Томе, со лажните ветувања и фамилијарните вработувања и унапредувања, еве да Ве потсетиме Вас, а и граѓаните:

-Дедото на Томе – унапреден во заменик директор во ПИОМ во Скопје;
-Братот на Томе- од АРМ по наредба на министерката префрлен во Подрачно одделение за одбрана во Крушево, како цивилно лице, а ја зема армиската плата со сите покачувања што ги следува во АРМ;
– Свеската на Томе – Министерство за земјоделие подрачна единица Крушево
-На баџото на Томе сестрата во ЈП Комуна;
-Зетот на баџото на Томе -шеф на возен парк во ЈЗУ Здравствен дом Крушево ;
-Снаата за брат на Томе во ЈЗУ Здравствен дом Крушево
-Оглас за сопругата во Центар за социјални грижи-Крушево.
Ако овие вработувања на потесната фамилија на Томе не се лицемерие тогаш нека се лицемерие средбите на ВМРО ДПМНЕ со нашите сограѓани.

Нели е лицемерие:

-Сопругата на претседателот на СДС Крушево директор во ЈЗУ Д. Хисар
-Претседателот на советот се вработува во УЈП,
-Мајката на претседателот на совет главна сестра во ЈЗУ Здравствен дом Крушево,
-Сопругата добива решение во ООУ „Никола Карев“ Крушево (вработена во времето на режимот)
-Советник во совет и истовремено раководител во АВРМ Крушево, синот нејзин по најновиот оглас во полиција
-Командирот на ПС Крушево побратим на Томе.

Граѓаните кои вчера го искажаа револтот кон Вас и Вашата партија не се занимаваат со аронија, не ги зема службено возило и гајбите со аронија да се продаваат низ Скопје, не добиваат од невладини организации по 30.000 евра за вашиот семеен бизнис.

И навистина вакво лицемерие нема ни во К-15,а богами ни во Солзи и Смеа!!!, пишува на Фејсбук постот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Коронавирус