четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 4
home Општини

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Кичево: Ни „П“ од „План за живот“ за младите од Кичево

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Кичево: Ни „П“ од „План за живот“ за младите од Кичево

Ни „П“ од „План за живот“ за младите од Кичево!, ова денеска преку изјава го истакнуваат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево.

-Ветуваа дека ќе го заживеат спортско-рекреативниот центар „Крушино“, кружна патека за автомобилизам и картинг, но ништо од тоа!!! Освен што излажаа дека ќе го заживеат спортско-рекреативниот центар Крушино, со нивниот „План за живот“ во Кичево ветуваа и изградба на кружна патека со содржини и стандарди за организирање европски натпревари во автомобилизам, мотоциклизам и картинг, со инфраструктура со највисоки стандарди. Да, ова го ветуваше СДСМ на страна 170 во изборната програма во 2016 година и излажа. 2020 година е на прагот, а ние сеуште ја имаме старата патека, а за новата што ја ветија, нема ни Е од европска патека за европски натпревари, а воопшто и не соопштуваат зошто не ја изградија, потенцираат од партијата.

Од УМС додаваат дека за разлика од власта во заминување, да потсетиме дека младите во Кичево за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија спортска сала „Христо Узунов“ во населбата Иванидол, повеќенаменско спортско игралиште во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, кои се дел од 11-те крупни проекти за младите кичевчани кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализира во рамките на развојот на спортската инфраструктура каде во Македонија беа изградени 35 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски игралиша и 120 тениски терени.

-Европскиот автодром е само една од ветените лаги на Зоран Заев за Кичево. Затоа на 12 април 2020 година кичевчани ќе гласаат за обнова на Кичево, за обнова на Македонија. Ќе гласаат за проекти кои се реализираат и кои ќе бидат од корист за сите наши граѓани!, потенцираат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево.

Коронавирус