сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 54
home Општини

УМС Могила: Власта во општината нема реализирано ниту еден процент од ветените проекти

УМС Могила: Власта во општината нема реализирано ниту еден процент од ветените проекти

Младите од општина Могила преку прес конференција побараа од власта да одговорат до кога во Могила ќе владее непотизмот како што е примерот со поранешниот претседател на Општинскиот комитет на СДСМ Могила, Пеце Кондовски, кој си ја вработи својата сопруга и својот кум во РЕК Битола и својот девер во Македонски Пошти каде што Пеце е директор.

Младите нагласија дека власта во општина Могила нема реализирано ниту еден процент од ветените проекти, а исто и започнатите проектите од претходната влада не се довршени.

Од ветените проекти на власта не е остварен ниту еден проект до сега, односно 0%, а од проектите кои беа започнати од претходната власт ниту еден не е завршен.Напротив, проектите кои беа остварени од претходната власт како што беше бесплатен превоз за секој ученик, во моментов во Општина Могила тој проект е укинат и учениците сами се снаоѓаат за да стигнат на настава и се на терет на своите родители кои едвај собираат основни средства за живот. Бараме од власта да даде одговор кога би се завршил или започнал барем еден проект. Ние младите од Општина Могила сакаме просперитетна општина, услови за живот, а не присилно протерување од нашата општина а воедно и од нашата татковина Република Македонија, вели претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Могила.