сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 69
home Општини

„Улиците во Општина Бутел се раскопани како никогаш досега, граѓаните ги кршат своите возила, а градот и општината не преземаат ништо“

„Улиците во Општина Бутел се раскопани како никогаш досега, граѓаните ги кршат своите возила, а градот и општината не преземаат ништо“

Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш, но денеска ќе го истакнеме најгорливиот проблем за граѓаните. Бутелска, главната улица во општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози. Бутелчани се револтирани, секој ден ги кршат своите возила, а и секојдневно се соочуваат и со метеж бидејќи на двонасочната улица, возилата се движат само по една коловозна лента , бидејќи возачите ја избегнуваат раскопаната по која има огромни кратери, изјави Тони Мартиновски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Бутел.

-Жителите на населбите Бутел и Радишани постојано ни се жалат и велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош бидејќи од дупките на главната улица претрпуваат огромни штети на семејниот буџет, за поправка на своите возила.
Град Скопје во октомври минатата година ја раскопа едната страна на улица Бутелска за поставување нова цевка за атмосферска канализација. Оттогаш улицата нема асфалт, а до пред неколку дена не беше поставен ни тампон слој, посочи Мартиновски.

Додава дека градоначалникот на Скопје, Шилегов се правда, моли за разбирање на граѓаните, но не кажува зошто повеќе од четири месеци не нашле решение да се оспособи улицата за сообраќај.

-Според членот 22 од Законот за локалната самоуправа граѓаните имаат право на надомест доколку возилата им се оштетени заради раскопаните улици.
Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел бараме од општината лично да се заангажира и да побара од градот Скопје час поскоро да се реши овој горлив проблем на граѓаните, револтот од ден на ден се повеќе расте и трпението се намалува особено затоа што за оваа ситуација немаат слух ниту градот ниту општината, потенцира Мартиновски.