вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 153
home Општини

Ученици од три села не стигнаа на настава во Струмица, општината прави напори да го исчисти снегот

Ученици од три села не стигнаа на настава во Струмица, општината прави напори да го исчисти снегот

Ученици од селата Рич, Попчево и Раборци денеска не стигнаа на настава во училиштето „Маршал Тито“ во Струмица бидејќи патот до овие села не е прооден поради снег.

Од општина Струмица информираат дека се прават напори со механизацијата да се исчисти патот до овие населени места.

Улиците во централното градско подрачје се оспособени за сообраќај. Според информации од ЈПКД „Комуналец“ улиците се чистат од синоќа, а на поголем дел од сообраќајниците е фрлено сол и ризла. Досега механизацијата поминала два пати по улиците.

Засега непроодни се улиците во повисокиот дел на градот. Од комуналното претпријатие апелираат до сопствениците на автомобилите да ги отстранат за да може механизацијата да помине таму и да го исчисти снегот.

Во Струмица од синоќа снегот интезивно врне и според податоци од Центарот за управување со кризи во Струмица се наталожиле 12 сантиметри. Сите регионални и магистрални патишта во струмичко се проодни во зимски услови и апелираат до возачите на внимателно возење и поседување соодветна зимска опрема.

Коронавирус