петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 46
home Општини

Ученици од социјално ранливи семејства од Маврово-Ростуше ќе добијат таблет-компјутери

Ученици од социјално ранливи семејства од Маврово-Ростуше ќе добијат таблет-компјутери

Десет ученици од социјално ранливи семејства од општина Маврово и Ростуше ќе добијат таблет компјутери за да можат да ја следат наставата онлајн. Таблет компјутерите се донација на тетовската фирма „Еколог интернационал“.

– Станува збор за 10 таблет-компјутери за ученици кои потекнуваат од семејства од социјално ранливи семејства, со цел да им се помогне на децата од оваа категорија на граѓани, да можат не пречено да следат онлајн настава, информираа од општината.

Градоначалникот Медат Куртовски искажал голема благодарност до семејството Дестани кое е сопственик на компанијата.

-Со донацијата ќе израдуваме 10 ученици, кои немаа можност да следат онлајн настава, што се реализира на овој начин поради состојбата од корона вирусот, изјавил Куртовски.

Компанијата „Еколог“ донираше и 50 таблет-компјутери за ученици од Дебар, како и во многу други општини.

ЕУРО 2020

Македонија