четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 182
home Општини

Тунелите Демир Капија – Смоквица без електрична енергија неколку денови

Тунелите Демир Капија – Смоквица без електрична енергија неколку денови

Напојувањето на тунелите со електрична енергија на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија, како што најави ЕВН, од вчера ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово.

– Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Двата тунели, како што појаснува советникот за контрола на сообраќај​ во Јавно претпријатие за државни патишта, Владимир Петров, функционираат нормално и нема никакви проблеми околу напојувањето со електрична енергија.

– Поради безбедна и сигурна работа на тунелите Демир Капија – Смоквица, тие се напојуваат со електрична енергија од две страни и тоа: од Демир Капија и од Удово. Тоа значи дека доколку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на една од наведените страни, снабдувањето со електрична енергија ќе продолжи безбедно да работи со преостаната страна.  Во овој момент напојувањето од страна на Демир Капија е исклучено поради работни ангажмани на компанијата ЕВН Македонија. Тоа значи дека во овој момент тунелите се снабдуваат со електрична енергија од страна на Удово. Доклку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија од страна на Удово тогаш имаме и трета резервна опција – батериска резерва (UPS систем) во траење од два часа, односно доволно време за напојувањето да се врати во нормала, вели Петров.

Коронавирус