вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home Општини

Тројца починати на Kовид одделот во кавадаречката болница, новозаболени 42 лица

Тројца починати на Kовид одделот во кавадаречката болница, новозаболени 42 лица

Три лица починале на ковид одделот во кавадаречката болница, станува збор за тиквешани на возраст од 67 до 78 години, потврдија од болницата. Сите имале претходни болести.

Од друга страна, доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА потврди дека имаат регистрирано вкупно 42 новозаболени, на возраст од 18 до 79 години. Во Кавадарци 19, Росоман 5, Неготино 15 и Демир Капија 3 лица.

Коронавирус