вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 200
home Општини

Три жртви и четири новозаболени: Прилеп останува жариште за коронавирусот

Три жртви и четири новозаболени: Прилеп останува жариште за коронавирусот

Во Прилеп денеска се регистрирани четири нови случаи на позитивни на коронавирусот. Од лицата инфицирани со овој вирус нема новооздравен, информира локалната самоуправа.

Во инфективното одделение на општата болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 16 лица позитивни на Ковид-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти.

Во самоизолација се  228 лица, а во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

Во текот на вчерашниот ден имаше три смртни случаи. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април, и 87-годишен пациент лекуван од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и со респираторна слабост.

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп почина уште едно лице – жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома.

Со ова во Прилеп досега има 10 смртни случаи поради коронавирусот.

Коронавирус