четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 123
home Општини

Трет ден Битола загадена

Трет ден Битола загадена

Трет ден во Битола високо загадување на воздухот. Денес во 14 часот мерната станица Битола 2 лоцирана во центарот на градот покажуваше високо загадување на воздухот со ПМ 2.5 честичките и ниско загадување со ПМ 10 честичките.

Податоци за тоа каков е воздухот во индустрискиот дел на Битола нема, таа мерна станица вече подолг временски период не функционира.Градоначалничката Петровска упати апел до надлежните институции што побрзо се направи мерната станица.

-Секогаш како градоначалник упатувам апел до оние институции кои се надлежни за мерните станици, апсолутно е нешто што треба да функционира, односно постојано да биде во функција и тоа е она што може да го направи градоначалникот во делот на апел и во делот на барања и реагирања од истанци кои што тоа го имаат во надлежност, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Битола заедно со Скопје, Тетово, Куманово се меѓу најзагадените градови во светот. Скопје утринава беше третиот најзагаден град во светот и прв во Европа. Испитувањата и студиите покажуваат дека најчестите и најголемите загадувачи се производствените капацитети, сообраќајот, согорувањата на дрва и фосилни горива. надлежните секоја година предлагаат низа мерки со цел намалување на аерозагадувањетоо .Вчера со ребалансот на буџетот се обезбедија дополнитени 2,5 милиони денари за битка со загадвањето.Општината имаше распишано и јавен повик за субвенционирање на инвертер клими.

-Голем е интересот на граѓаните за субвенционирање на инвертер клими. Конплетниот извештај не ми е стигнат на увид, деновиве треба да го добијам, меѓутоа зголемената сума која што ја извршивме со ребалансот на буџетот покажува дека локалната самоуправа продолжува во таа насока и притоа она што ми се намери како градоначалник да го насочам е точно следниот повик за инвертери всушност биде точно оние делови од нашиот град кои што нема да бидат опфатени со зоните по принципот кој што го побара централната Влада со инвертерите кои што тие практично ќе ги дадат како можност за битолчани да ги користат, и на тој начин практично локалната самоуправа ќе надохнади она што практично нема да биде опфат во тие зони, рече градоначалничката Петровска.

Многубројните досегашни научни студии укажуваат на штетното дејство на ПМ честичките врз човековото здравје. Познавачите велат дека микрочестичките предизвикуваат воспаление на белите дробови, отежнато дишење, кашлање, лачење секрети, кои во најлош случај се причина за сериозни болести.Во услови кога аерозагадувањето е алармантно Владата најави дека и инспекторите и полицијата во претстојниот период ќе вршат засилени контроли .

извор: tera.mk

Коронавирус