петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Транспарентниот М-р Димитриевски

Транспарентниот М-р Димитриевски

Актуелниот градоначалник Максим Димитревски во улога на „независен кандидат“ на овие локални избори, од почетокот на својот мандат удира по својата општинска администрација „фалејќи ја“ дека не може да ја извади од ресторани во работните денови.

Сега, четири години подоцна, повторно настапува со истата теза, но овој пат случајно или намерно не потенцира дека за време на неговиот мандат одредени вработувања, унапредувања и назначувања на функции се направени едиснтвено по критериумот – личен интерес.

Па така, во општината и јавните претпријатија се вработуваат, кумови, старосватови, блиски роднини на неговите блиски соработници и не само што се вработуваат, туку со брзина на светлината се унапредуваат на највисоки работни позиции, секако согласно законот за административни службеници и уредно „порачани“ јавни огласи.

Траснпарентниот нѝ градоначалник нарачувал анкети по пат на тајно гласање да се изберат одредени директори на училишта. Па како тоа анкетните ливчиња не стигнале до сите вработени во тие училишта, или ги анкетирате само оние што знаете како ќе гласаат?- Толку за транспарентноста.

Да се потсетиме дека ценетиот градоначалник Димитриевски неодамна магистрираше исто така со брзина на светлината на тема „Улогата на локалната самоуправа во услови на вонредна и кризна состојба со осврт на епидемија во Општина Куманово“. И тоа е навистина за пофалба, ако исклучиме неколку факти:

За да магистрирате на одреден факултет најпрвин имате барем еден семестар предавања и полагање испити, па дури на крајот доаѓа одбраната на магистерскиот труд. М-р Максим Димитриевски својот магистерски труд го брани на 20.01.2021 година, а Covid пандемијата во РСМ почнува почетокот на месец март, па оттука доаѓа до забуна, некако датумите како да не се совпаѓаат, добро можеби човекот навистина има капацитет да заврши се пред рокови.

Вториот интересен момент е членот на комисијата професори кои биле на одбраната на магистерскиот труд. Истиот тој член две недели пред одбраната ја вработува својата сопруга во општина Куманово како советник во секторот за образование, за да истата веднаш се зафати со работа за поднесување документи за трансформација на работен однос на својата ќерка која во тој момент е вработена во училиште како професро на определено работно време- сé експерти, нема што.

Јас тебе магистерски труд ти мене вработувања- чист бизнис.Или во твојот жаргон „ Јас тебе војвода, ти мене сердаре“.

После сé Вие зборувате за лоша општинска администрација небаре луѓето таму пред Вас, се вработени без никакви квалификации, а сега „вашиот тим“ се сите експерти- да експерти кои јавните набавки, даноците и комуналиите ги решаваат секојдневно на маса во кафана, па во 16 часот скоро и да не можат да стигнат до скалите на општинската зграда.

После сиот овој циркус почитуван Димитревски, средете си го Вашиот тим и следниот пат внимавајте како се обраќате пред кумановската јавност за нечиј капацитет. Кумановци сепак ништо не забораваат и не премолчуваат.

Кумановци на 31-ви октомври ќе ви ја кажат Вам вистината!

Пишува: Димитар Андоновски

Коронавирус