сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 6
home Општини

Трајчевска: Поднесена е кривична пријава за градоначалничката Петровска поради незаконско работење

Трајчевска: Поднесена е кривична пријава за градоначалничката Петровска поради незаконско работење

Барам дополнување на дневниот ред со точка која гласи: Информација за организацијата на превозот за учениците во учебната година септември 2018 – јуни 2019 година. Би сакала да го образложам ваквото барање и тоа до нас како советници стигнуваат реакции од наши сограѓани, родители кои и покрај тоа согласно законот треба да бидат ослободени од товарот на своите деца да им плаќаат превоз, до училиште и назад тие сепак беа приморани последните месеци од учебната година што измина тоа да го финансираат од сопствен џеб, изјави денеска Елена Трајчевска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Битола.

Трајчевска додаде дека градоначалничката Петровска во недостаток да го организира овој процес, таа удира по грбот на децата и родителите со што им ги одземала картичките за бесплатен автобуски превоз.

Таа побара информација дали и како ќе биде организиран овој законски процес почнувајќи од септември 2018 година.

-Дали Петровска е свесна дека граѓаните ја избраа да ги решава нивните реални проблеми, а НЕ да повикува на прослава за продажбата на сопствената држава? Се наоѓаме на 40 дена до почетокот на новата учебна година, а информациите кои што ние ги имаме говорат дека за неколку училишта не се потпишани договори со превозници и нема постапки во тек. Поднесена е кривична пријава против Петровска за се горе споменато, а познавајќи го процесот на тендери и јавни набавки јас одговорно ви тврдам дека уште денес да потпишете постапка ваквата јавна набавка нема да биде завршена до 1.09.2018 година. Барам овој предлог да биде ставен на дневен ред затоа што во спротивно само ќе потврдите дека не знаете, немате капацитет и не сакате да ги решавате реалните проблеми на граѓаните, нагласи Трајчевска.

Коронавирус