вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 1
home Општини

ТРАДИЦИЈАТА ЖИВЕЕ ВО СЕЛО ЅВЕГОР: Приказната за Ѕвегорска сурова 2020-та (ВИДЕО)

ТРАДИЦИЈАТА ЖИВЕЕ ВО СЕЛО ЅВЕГОР: Приказната за Ѕвегорска сурова 2020-та (ВИДЕО)

Ако денот по утрото се познава кај сите останати, во село Ѕвегор денешниот ден по вчерашниот се позна’. Затоа што секоја година на 13-ти јануари во доцните ноќни часови се прават последните подготовки за она нешто кое се очекува цела година.

14-ти јануари утрото во селото Ѕвегор започнува со тивок шепот негде веднаш после полноќ:

“Станувај сурваскар, некој, ега те пушка р’гне”…

-А не знае домаќинката дека сурваскарот воопшто не легнувал да спие…

Брдничавите панталони легнуваа како чаршав за јувки на ливада, само по рапави… Ако…

Тие се единствен спас за свирежот на суровата Кал’чка штотуку изделкана од некоја крива врба-на врв брда. Мрда!

А свирежите многу да му се сневиди… Минатата година чинам бајаги тешка била. Зли духови колку што ти душа сака… Ама ако… Сурова е денот кога во Ѕвегор-Ѕвегорци прогласуваат бој против злите духови. Се разбегаа кутрите, џаде фатија во неповрат.

И откако брдницата си го најде својот стопан, пепелта, сувите пиперки, неузрнетата пченка, кошарите со сено, вилите, смешното кандило со чудниот темјан? застанати во работните раце на гордите Ѕвегорци, пополека низ селските сокачиња почнува танцот на сенките и смрзнатите воздишки. Река од гротескни ликови маскирани како за патување кон крај на светот, се слеваат кон селскиот дом да го започнат театарот кој во ова село како никогаш и да не завршил… На скромната светлина која од хоризонтот на другата страна на светот пополека почнува да раѓа нова живост во ова Пијанечко село, како темни силуети почнуваат да шараат новите актери на старата приказна.

По некоја песна, ситна пцовка, здраво-живо за бериќет на годината… Започнува да вергла машината наречена Ѕвегорска Сурова 2020 година. Оваа година групата составена од 70-тина не толку строго дефинирани карактери го започнува својот репетитивен од’, по којзнае кој пат почнувајќи секогаш од истата куќа.. Студот кој што беше налегнал над плеќите на планината Влаина, и тој се раскрена… Секако во тоа нешто помогна “жешката” Ѕвегорска ракија која како секоја година и минатата година недостигаше поради “големата суша” која ги зафати овие простори… А домаќините што се наоѓаат први во тефтерите за данок оваа година веќе беа на нозе да си го “отплатат” својот дел кон државата чие што име иако никаде непишано никој нема смелост да се осуди да го менува.

ЦЕЛАТА ВЕСТ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА БРЕГАЛНИЧКИ.МК