четврток, 5. август 2021. Вести денес: 10
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Општини

Тозиевски: Продолжуваат лакрдиите во Општина Ресен- овој пат станува збор за неуспешниот наместен тендер за чистење на крајбрежјето на Преспанското езеро

Тозиевски: Продолжуваат лакрдиите во Општина Ресен- овој пат станува збор за неуспешниот наместен тендер за чистење на крајбрежјето на Преспанското езеро

Продолжуваат лакрдиите во Општина Ресен… Овој пат станува збор за неуспешниот наместен тендер за чистење на крајбрежјето на Преспанското Езеро, истакна Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ ОК – Ресен.

-Дека тоа е така, дека интенциите на градоначалникот и Општина Ресен се нечесни, и тендерот на очиглед е наместен, е во фактот што тендерот го добива фирма која не ги исполнува условите по истиот, односно тендерот го добива економски оператор кој што поднел неприфатлива понуда со што Општина Ресен флагрантно го крши Законот за јавни набавки, бидејќи фактот „неприфатлива понуда“ подразбира дека понудата не требало да биде земена во предвид, во понатамошна евалуација на постапката, а уште помалку да биде избрана за најповолна. Законот за јавни набавки е дециден – Цитирам „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира и евалуација на понуди се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација која претставува „закон“ во постапката.“, вели Тозиевски и додава:

„Исто така, во постапката биле наведени низа други нерегуларности од типот некомплетна документација, немање обрасци кои биле задолжителен елемент на понудата, непотполни изјави за ангажирани лица и техничка опрема, сменета содржина на обрасци од понудата итн. кои неспорно согласно законот за јавни набавки не требало да се менуваат. Ваквите формални недостатоци се основ понудата да биде неприфатлива.
Тоа го потврдува и утврдува и повисока државна институција, а тоа е Државната комисија за жалби по јавни набавки, со усвоено решение по жалба на еден од понудувачите и заклучок за стопирање на целокупната постапка. Колку да појасниме, станува збор за тендер од 70.423.728 денари или 1.148.837 евра, средства доделени од Републичкиот буџет за спас на Преспанското езеро, кој за жал после ваквите чекори на Општина Ресен, нема да се реализираат и тендерот пропадна“.

Ова, подвлекува тој, ни покажува само едно – дека желбата за криминал и местење тендери е многу поголема од желбата за спас на Преспанското Езеро и развојот на Преспа, и овој пат потврдено со низа документи.

-Не е доволно да се сликате со два купови песок, а милионите заради личните апетити, да заминат во неповрат. Ако вака ја сакате Преспа, ако вака сакате живот за Преспа, Ве молиме не трудете се повеќе. Ова е досега најголемиот мега скандал во историјата на локалната самоуправа на Општина Ресен, за кој сум сигурен дека крајниот епилог ќе биде судска постапка, за сета штета што ја нанесувате на Ресен и Преспа.
За жал, Вашата желба за криминал и манипулација, ја плаќаат граѓаните на Ресен и Преспа.

Коронавирус