четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Општини

Тозиевски од Ресен: Во тек е инвестиција од 5.5 милиони, која опфаќа реконструкција на улица, атмосферска канализација и нови водоводни приклучоци

Тозиевски од Ресен: Во тек е инвестиција од 5.5 милиони, која опфаќа реконструкција на улица, атмосферска канализација и нови водоводни приклучоци

На  улицата „Илинденска“ во Ресен се одвиваат градежни активности во вредност од 5,5 милиони денари. Заедно со атмосферска канализација и нови водоводни приклучоци во должина од 220 метри која ја реализираме заедно со Планскиот регион, но покрај тоа и општина Ресен се обврзува дека уште еден крак од улицата ќе го надогради со индивидуални водоводни приклучоци и асфалтирање, истакна денес Јован Тозиевски, градоначалник на општина Ресен.

-Потоа продолжуваме на поставување на нова водоводна линија на улицата Никола Вапцаров и продолжуваме со пуштање на еден од најголемите проекти во овој момент и нова туристичка атракција во Преспа, проектот на патеките на Светите води која ги поврзува манастирите од преспанскиот крст до манастирот во сливница во должина од 12км. Сето тоа ќе биде изградено со природни материјали, со видиковци осветлени со фотоволтаични сијалици и замислете да возите по Пелистер и да го гледате на дланка преспанското езеро и во најкраток рок па и за оваа сезона  таа ќе биде готова и  пуштена во употреба за туристите, рече тој.

Покрај сето ова, општина Ресен заедно со тимот, со советот и соработниците  работиме на нов детски парк на плоштадот во Ресен.

-Веќе сме во фаза на подготовка и завршна фаза на тендерот и на подготовките за асфалтирање и имаме проектирано 15тина улици во Ресен и во населените места во Преспа и сите останати тековни активности што ги имаме и продолжуваме активно да ги работиме, истакна градоначалникот.

 

Коронавирус