недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Тошевски: Рекетарската банда на Заев преминува во лошо организирана туристичка агенција

Тошевски: Рекетарската банда на Заев преминува во лошо организирана туристичка агенција

РЕКЕТАРСКАТА БАНДА НА ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕМИНУВА ВО ЛОШО ОРГАНИЗИРАНА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА

Рекетарската банда на Зоран Заев, преминува во лошо организирана туристичка агенција, а вчера одржаната владина седница и престојот на половина од владиниот кабинет во Битола личеше на евтино третокласно туристичко патување.
Наместо трет пат да ги покажувате бојадисаните ѕидови на Ургентното одделение во Клиничка болница и плочките во Брза помош, господине Филипче требаше да им кажете на битолчани кога ќе го ставите акцелераторот во функција и кога ќе проработи коронарографот. Битолчанец по потреба, така Ве викаат битолчани, господине Макрадули и да знаете, многу се разочарани, зашто од Вас, сакаат да слушнат зошто повеќе од една година доцни изградбата на Прочистителната станица, а проектот беше готов, се беше готово, само требаше да почне изградбата. Вие и Анѓушев треба да им кажете на битолчани уште до каде е гасификацијата, дали дефинитивно се откажавте од проектот топлификација и конечно можеби да признаете дека срамно ги излагавте со ветувањата и приказните за чистиот воздух.
Шеќеринска најмалку што можеше да направи е да им го даде на битолчани одговорот зошто детското одморалиште на Пелистер е сеуште руина. А Вие, господине Анѓушев, за право ништо директно не им ветивте на битолчани, ама зарем не е непристојно во најмала рака да одите во посета на РЕК, што промовиравте – рекордно најниското производство на електрична енергија?
А вие, господине Заев, повеќе да не сте помислиле да ги навредувате и да се потсмевате со граѓаните на Битола! Тие вчера Ви кажаа што мислат за Вас, за Вашите предавства и економското уништување на градот и Државата.
Најмалку што можете и мора да сторите, додека срамот и пропаста не станале уште поголеми со Рекет 3, Рекет 4, Рекет 5… е да се одважите на предвремени парламентарни, а во Битола заради најнеспособната градоначалничка неопходни ни се и предвремени локални избори!!! Напиша Тошевски на Фејсбук.

Коронавирус