четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 119
home Општини

Тошевски: После „Рекет“, власта во Битола повторно го активира проектот „Мира Дизел“

Тошевски: После „Рекет“, власта во Битола повторно го активира проектот „Мира Дизел“

Измените и дополнувањата на плановите за вработување за 2019 год. и плановите за вработување за 2020 година се конципирани согласно потребите на најблиските роднини и пријатели на власта, а не согласно потребите на Општина Битола и Јавните претпријатија.

Ова го истакна Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Општината само за плати во 2019 ќе потроши околу 6 милиони денари повеќе пари на граѓаните отколку во 2016-та.

Споредба за прво полугодие:

– Плати 2016 – 19 мил.ден. / 2019 – 21.6 мил.ден.
– Инфраструктура 2016 – 75,3мил.ден / 2019 – 24мил.ден.

Бројките се поразителни и се реален одраз на расипништвото на власта. Вработувањата на своите најблиски продолжуваат преку проектот МИРА ДИЗЕЛ, порача тој.

Локални избори 2021