петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Општини

Тошевски: Петровска и СДСМ го достигнаа врвот на лицемерието и лагите, „Копанки“ повеќе не е во сопственост на ПСК Пелистер

Тошевски: Петровска и СДСМ го достигнаа врвот на лицемерието и лагите, „Копанки“ повеќе не е во сопственост на ПСК Пелистер

Решението издадено од Општина Битола, а потпишано од Петровска со кое се одзема правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки е врв на лагите и лицемерието на Петровска и актуелното раководство на СДСМ во Битола, реагира Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Битолчани по кој знае кој пат повторно се излажани од СДСМ и Петровска. Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом Копанки се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки, вели тој.

Тошевски порачува: Членови на ПСК Пелистер се љубители на планината и планинарењето, а не членови на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ или други политички партии. Сите лаги и обвинувања кои ги изнесовте во јавноста се само потврда дека ниту имате љубов кон Битола, ниту пак знаете што значи љубов кон планината и планинарењето. Вашата “љубов” за Битола ја гледаме само кога се во прашање вашите лични интереси.

ВМРО-ДПМНЕ Битола бара градоначалничката под итно да одговори на следните прашања:

– Дали и зошто цело време наназад како власт ја опструирате реконструкцијата на “Копанки” од страна на ПСК Пелистер?
– Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер?
– Дали крајната цел е приграбување на “Копанки” од страна на лице кое е близок роднина на високфункционер од актуелната власт?

-Битолчани ги знаат одговорите на овие прашања, а дали вие од власта ќе имате доблест да одговорите останува да видиме, вели Тошевски.