среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 115
home Општини

Тошевски: Граѓаните молат за основни услови за живот, а не за тикварникот на Петровска

Тошевски: Граѓаните молат за основни услови за живот, а не за тикварникот на Петровска

ГРАЃАНИТЕ МОЛАТ ЗА ОСНОВНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ, А НЕ ЗА ТИКВАРНИКОТ НА ПЕТРОВСКА, ова преку својот Фејсбук профил го истакна Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Власта и понатаму останува глува на нашите барања како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за решавање на проблемите на граѓаните од овој дел на градот. Жителите на дел од улиците Мукос и Љубојно од страна на Петровска и СДСМ добиле ветувања за решавање на нивните проблеми во текот на предизборието за Локалните избори 2017 и за Претседателските избори 2019. После неколкуте наши средби со граѓаните на нивно барање ги изложивме проблемите во Советот на Општина Битола. Мнозинството ги одби нашите предлози кои водат во насока на решавање на проблемот иако во две години власт овие улици власта не успеа да ги вметне во Програма за уредување на градежно земјиште. Притисокот врз локалната власт од СДСМ го продолжуваме во соработка со граѓаните.
#Оставка, стои во неговиот пост на Фејсбук.