четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 136
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Општини

Тошевски до Петровска: Гасификацијата во градот ќе остане уште една голема предизборна лага на градоначалничката

Тошевски до Петровска: Гасификацијата во градот ќе остане уште една голема предизборна лага на градоначалничката

Советникот во општина Битола и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Иванчо Тошевски  на денешната седница на советот и забележа на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска поради фактот што таа многу ретко присуствува на седниците на советот, а не можат да ја добијат ниту граѓаните со цел да се најде решение на нивните проблеми.

-Почитувана градоначалничке. Долго време не се имате појавено во советот и навистина прашањата кои што стигаат до нас од граѓаните а кои што не можат никако да ве најдат со цел да продискутираат за нивните проблеми со вас или со општинските служби и не добиле долго време одговори. Токму заради тоа прашањата кои што имаме да ги поставиме се многу, вели тој.

Тошевски говореше и за најголемото ветување на градоначалничката, гасификацијата во Битола и истакна дека тоа ќе остане уште една големо промашување и уште една голема предизборна лага. Според советникот таа во повеќе наврати ветувала дека уште во 2018 година ќе биде започната изградбата на гасоводот, но од гасоводот нема ни трага ни глас.

– Клучниот проект на новата локална власт, проектот гасификација. На 12.10.2017 година кажавте дека тоа ќе биде клучен проект на новата локална власт, но од се што досега можеме да видиме, можеме да видиме дека тоа ќе биде едно големо промашување и уште една голема ваша лага. На 27.12 токму од оваа говорница кажавте дека во 2018 година ќе започне реализацијата на проектот за гасификација.

За крај на своето излагање Тошевски заклучи дека градоначалничката на СДСМ во изминатиов период единствено ја покажала својата неспособност, незнаење и неработење.

Најнови вести

Коронавирус