петок, 13. декември 2019. Вести денес: 125
home Општини

Тодоровски: Локалната власт во Делчево две години еволуира со неработење, лаги и манипулации,

Тодоровски: Локалната власт во Делчево две години еволуира со неработење, лаги и манипулации,

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски на прес конференција денеска истакна дека повеќе од две години локалната власт во Делчево еволуира со неработење, лаги и манипулации, назадување и остварување на лични, семејни и партиски интереси.

Тодоровски вели дека две години сработеното на локалнат власт се состои од проекти започнати од претходната власт, проекти реализирани од актуелната централна власт и проекти кои „ќе“ се реализираат во иднина.

Тој наброја неколку проекти како Филтер станицата на браната Лошана, проектот за современ градски пазар, пешачкиот мост на река Брегалница, проектот за изградба на градската капела, реконструкцијата на улиците Светозар Марковиќ, Питу Гули и Маршал Тито, реконструкцијата на булеварот македонија, кои се проекти со коишто локалната власт си припишува заслуги, а се проеки од предходната власт и истите не се завршени.

-Градоначалникот Трајковски во изминатите две години има изградено нешто повеќе од 1 километар улици, што е вистинската слика за неговиот аматеризам и неспособност. Ветуваа се и сешто. Наместо реални и остварливи, дадоа лажни ветувања кои не се во состојба да ги остварат. Им беше поважно со лажење и манипулирање да ја освојат власта. Лажеа и ветуваа живот, за да сменат име на држава, за лични богатења, матни бизниси, и затоа многу брзо ќе си ја добијат заслужената казна, вели Тодоровски.

Тој за јавноста ги посочи и предизборните ветувања од програмата на СДСМ од 2017 година како што се: чистата вода и чистиот воздух, здравјето за сите, отворена и услужлива општина за сите, доиградба и доуредување на кејот на реката Брегалница, реконструкцијата на мостот на ул. Индустриска, замената на абестно цементни цефки со пвц, изградна на патот Делчево-Црна Скала, набавка на противпожарно возило за потребит ена ТППЕ, рекоснтрукција на прифатилиштето за бездомници, реконструкцијата на спортски објекти, велосипедска патека, детски забавни паркови и игралишта, спортска сала, пензионерски катчиња, доуредување на археолошкиот локалитет тврдина во С.Град, реконструкција на спомен домот „Разловечко востание“, кујна за стари и изнемоштени лица, и проектите во сите села коишто од сите овие ниту еден не е реализиран досега.

Тодоровски посочи исто така дека поради ваквите политики на „ќе“ и тапкањето по рамо.

-Делчево е работ на егзодусот, како и тоа дека цицањето на парите на граѓаните за непродуктивни плати и надоместоци за вашите партиски послушници е пред крај, затоа што доста се лагите и манипулациите, сето тоа ќе заврши на предвремените избори во април 2020 година. Вие сте на прав пат да си заминете од вашите фотељи, а граѓаните се на прав пат да добијат нова власт, власт која ќе се грижи за нив и која ќе ги решава нивните проблеми. Доаѓа време кога Делчево ќе стане град во кој жителите ќе се гордеат да живеат овде, вели Тодоровски.