недела, 9. мај 2021. Вести денес: 92
home Општини

Тодоровска: 342 компании пропаднаа во Битола за една година

Тодоровска: 342 компании пропаднаа во Битола за една година

Битола е градот каде што во 2020 година негативниот одраз врз приватниот сектор најмногу се почуствува. Живееме во тешко време со многу искушенија и предизвици кои се видливи во сите пори на општественото живеење. Ако се запрашаме каде се движи македонската економија, со согледување на одредени квантитативни податоци, можат да се изведат сериозни заклучоци. Во 2020 година во Македонија се згаснати дури 6213 правни лица, истакна Марица Тодоровска, претседателка на УЖ ВМРО ДПМНЕ – Битола.

-Власта со воведување голем број на социјални ограничувања,затворање на одредени објекти,рестрикции за голем број на настани и несоодветното менаџирање со цел справување со пандемијата успеа да рефлектира криза врз македонската економија.
Битола е градот каде што во 2020 година негативниот одраз врз приватниот сектор најмногу се почуствува.
Се што прави СДСМ и функционерите од власта е само параван на неспособност која ги следи во секој чекор и област. И место реална поддршка и помош во Битола, дури 342 фирми добиле катанец, односно се затворени во 2020 година.
Покриваат јавни настапи со теми кои се болни и тешки за секој сопственик или вработен во приватен сектор, посебно во малите бизниси. Манипулираат, потценуваат и си поигруваат со младите па организираат трибини за промоција на самовработување и сопствени бизниси во време во кое затворија да повториме 342 битолски фирми.
Да не заборавиме дека дел од овие фирми веројатно се и мали бизниси сместени во битолската чаршија како и се останато е заборавено од власта.
Политиката и работењето на Локалната самоуправа водена од СДСМ и Наташа во Битола е со јасен резултат, битолчани тоа го чуствуваат во квалитетот на своето живеење и ќе ја испорачаат казната на престојните локални избори.

Коронавирус