четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 98
home Општини

„Тетово не е Лас Вегас“: Стотици демонстранти бараат дислокација на казината

„Тетово не е Лас Вегас“: Стотици демонстранти бараат дислокација на казината

Стотици демонстранти го кренаа гласот против отворањето на новото казино. Тие се против бидејќи е во непосредна близина на универзитетот, но и поради тоа што има многу казина во градот.

Местото каде се одржува протестот е локацијата на која ќе се отвора ново казино во Тетово и ова е причината зошто граѓаните излегоа на протест. Ова не е единствениот објект за игри на среќа. Граѓаните бараат нивна дислокација на три километри надвор од нивниот град.

„Доколку едно казино е на далечина од 300 метри, таму може да се оди и пеш. Тој што сака да оди во казино нека земе автомобил и нека оди каде сака“, вели Џемал Абдиу.

Жителите кои што излегоа на протест ја изразија својата загриженост по ова прашање.

„За да ја уништат младината нека отворат казина. За развој на младите нека отворат работни места и фабрики“, вели Љазим Зенуни.

„За жал, власта се менува, но урбаната мафија која што управува со овие казина останува иста. Уште полошо е што гледаме претставници на владата како излегуваат на протест наместо да го решаваат тоа по институционален пат“, вели Аријанит Џафери.

Ректорот на Тетовскиот универзитет, рече дека игрите на среќа не треба да ги има во градот на студентите.

„Универзитетот ќе ги поддржи ваквите протести се до преземање мерки. Бараме од владата и од Собранието да бидат сериозни бидејќи игрите на среќа се девијација на нашето општество и се на штета на младите генерации и на државата“, вели Вулнет Амети – ректор на Тетовскиот универзитет.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи вели дека општинскиот совет минатата недела донел одлука, во предлог законот за игрите на среќа да пишува периметарот на казината да биде стотина метри оддалеченост од јавните објекти.

„Во нашиот предлог бараме 300 метри оддалеченост од училиштата, градинките, верските објекти и центарот на градот. Исто така, бараме Општината да има авторитет и свои надлежности кога се издава дозвола за вакви објекти и да има контрола врз тоа“, вели Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Градоначалничката на Тетово, бара надлежностите за издавање лиценци на компаниите за игри на среќа, да не бидат ексклузивно право само на Министерството за финансии, туку и на локалната власт.

ТВ21 се обиде да стапи во контакт со сопственици на казина во Тетово за да го искажат својот став, но тие одбија да разговараат со нас. Според официјалните податоци, во Македонија се регистрирани над 500 локали за игри на среќа, а само во Тетово се 63.

Во продолжение погледнете го прилогот на ТВ21