недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Ташко Дојчинов поднесе оставка

Ташко Дојчинов поднесе оставка

Претседателот на Советот на Општина Гевгелија,Ташко Дојчинов,до градоначалникот Сашо Поцков,поднесе оставка на функцијата претседател и член на општинскиот Совет која беше очекувана откако Комисијата за спречување на корупција неодамна му изрече јавна опомена согласно член 79, став 2 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Постапувајќи по предмети од областа на судир на интереси, Комисијата кај Дојчинов констатирала состојба на судир на интереси поради повреда на член 44 од Законот бидејќи тој покрај функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија, ја извршува и функцијата член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.

Веста ја потврдија од општината каде очекуваат на наредната седница советот да ја констатира оставката,да избере нов член на советот од листата на СДСМ и коалицијата и да избере нов претседател на советот на Општина Гевгелија.