недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 3
home Општини

Таравари почна да ја открива „Вистината за ДУИ“, обелоденува скандали на претходното раководство

Таравари почна да ја открива „Вистината за ДУИ“, обелоденува скандали на претходното раководство

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска ја зaпочна кампањата наречена “Вистината за ДУИ”, како што претходно најави дека ќе држи прес-конференции на кои ќе бидат обелоденети сите злоупотреби извршени од страна на поранешното раководство на Општина Гостивар, а кои ги констатирала внатрешната ревизија.

-Има полно скандали, почнувајќи од полицијата, образованието, областа на урбанизмот, работата на општинската администрација и така натаму. Неколку внатрешни ревизии веќе се завршени, некои се во тек, а со ревизии ќе се продолжи сè додека не се открие и последната злоупотреба. Денес, пред вас ќе го обелоденам случајот со кафетеријата кај ЈПССО “Риниа” – Гостивар. Овој локал му е изнајмен на лицето Гази Фејзи за надоместок од само 5.000 денари месечно и тоа за период од 20 години. А најскандалозен е фактот што оваа кафетерија го блокира влезот на спортската сала каде што се одржуваат натпревари во првата кошаркарска лига и се собираат  повеќе од 2.000 гледачи на кои им се загрозува безбедноста. Втората работа, истата кафеана користи електрична енергија и вода од спортската сала, значи тоа го плаќаат граѓаните на Гостивар, посочи Таравари и додава дека со пари од Јавното претпријатие, се плаќале и одредени даноци и такси на кафетеријата.