среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Општини

Таравари: Имам 60 вработени паразити на ДУИ во општина кои за ништо земаат плата

Таравари: Имам 60 вработени паразити на ДУИ во општина кои за ништо земаат плата

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 ја обвини ДУИ дека вработувала паразити во администрацијата.

Тој истакна дека целта на Алијанса на Албанците е да ја делегитимираат ДУИ.

-Имам 60 вработени во општината кои се паразити на ДУИ, ништо не работат и земаат плата. Овие феномени на Албанците им се дојдени преку глава. Ние сме сконцентирани на прв круг, првата цел ни е Река да оди во втор круг, и втората цел ни е да ја делегитимираме ДУИ која тежи 40-50 илјади гласови, рече Таравари за Канал5 вечерва.