понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Општини

Таравари: ДУИ и СДСМ не се солидаризираа, туку ги намалија буџетните средства за една третина

Градоначалникот на Гостивар вели дека единствената причина за ова е тоа што тие сакаат да покажат дека наводно никој друг освен ДУИ и СДСМ не знае да раководи , а кои, всушност, во гостиварската политика веќе им припаѓаат на историја.
Таравари: ДУИ и СДСМ не се солидаризираа, туку ги намалија буџетните средства за една третина

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари преку изјава за медиумите во врска со свикувањето на седница на Советот на општина Гостивар на која ќе се донесе  одлука за времено финансирање, објасни дека ДУИ и СДСМ не се  солидаризираа со општинските службеници и просветните работници, туку само извршиле законска обврска, а фактички со таквата одлука ги кратат за  една третина буџетските средства за првиот квартал.

-Прочитав една вест од ДУИ дека наводно одлучиле да помогнат во процесот. Тоа не е вистина, тоа е законска обврска во рок од 15 дена по приемот на дописот од моја страна, кој што го испратив на 4 јануари, советот да одобри времено финансирање на советот. Тие го одложија онолку колку што можеа, значи свикаа седница за на 24 јануари со единствена цел да ги блокираат сите процеси до последниот можен ден. Инаку, временото финансирање е најголемата штета што можат да ја предизвикаат како мнозинство во Советот на Општина Гостивар. Ова мнозинство од 16 советници одби да расправа за буџетот. Би прифатил, доколку се расправаше за буџетот, но нека знаат граѓаните на Гостивар дека тие немаат никаква милост за да се деблокира нешто, туку едноставно прават нешто што законски се обврзани да го направат, а негативните ефекти од оваа одлука се намалувањето на буџетот за една третина од парите што можеме да ги користиме како општина, истакна градоначалникот Таравари.

Градоначалникот на Гостивар вели дека единствената причина за ова е тоа што тие сакаат да покажат дека наводно никој друг освен ДУИ и СДСМ не знае да раководи , а кои, всушност, во гостиварската политика веќе им припаѓаат на историја.

На новинарско прашање дали целта е да се оди на вонредни избори за советот, Таравари одговори дека е подготвен и дека ги предизвикува тоа да го сторат, но дека тие не прифаќаат.

Градоначалникот Таравари, исто така, истакна дека советникот од редовите на СДСМ го апострофирал него како главен кочничар, со претекст  дека нема  планирано во буџетот средства за православните гробишта.

-Тој можеше да побара да се дискутира на седница и доколку барањето ќе беше разумно, веројатно ќе беше прифатено, потенцираше Таравари.

Би сакал да спомнам во оваа прилика, продолжи Таравари, дека до сега за околу два и пол месеци успеавме да платиме речиси 400 илјади евра (околу една петтина од долгот на општината, без јавните претпријатија), но тоа некому му пречи и со намалување на буџетот за една третина до 31 март, тие сакаат да нè спречат во постигнувањето на понатамошно резултати.

На новинарско прашање како тој ги коментира обвинувањата на ДУИ по секое обелоденување на вистината за ДУИ, дека треба да почне да работи, Таравари одговори:

“Ние постојано работиме и дел од она што го правиме, го споделуваме со јавноста. Плаќаме долгови и со ова темпо треба да постигне целиот долг да го подмириме за околу година и пол. Кога тоа го правиме, тие нè обвинуваат дека правиме маркетинг. Ние ќе продолжиме да ги расветлиме сите направени злоупотреби, бидејќи сметаме дека тоа им го должиме на граѓаните. Тие треба  да знаат како се трошат нивните пари. Сакаме ова да стане традиција и идните раководни структури да ја расветлат нашата работа. Затоа, ни преостанува нам како општинско раководство, мене лично  и директорите, да работиме чесно, бидејќи ќе дојде денот кога ќе треба да одговараме ако сме ја злоупотребиле функцијата”.

Локални избори 2021