петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 159
home Општини

СВР Тетово: Внимателно возење поради промена на условите за сообраќај со врнежи од дожд

СВР Тетово: Внимателно возење поради промена на условите за сообраќај со врнежи од дожд

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите посебно при движење во планинските предели повеќе да се внимава поради дождовите и промената на условите за сообраќај. Со оглед дека коловозите се влажни и лизгави, што се должи и на правта наталожена на истите од долготрајниот сушен период, неопходна е максимална внимателност, особено во доцните вечерни и раните утрински часови, кога на одредени места има и магла и кога се присутни пониски температури од дневните, велат од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира да возачите да ја прилагодат брзината на возилата според условите на патот и посебно оние кои се движат кон Стража, Маврово, Попова Шапка или по долината на Радика, каде се можни и одрони од камења. На возачите им се советува, исто така, редовно да ја провeруваат техничката исправност на возилата и пред се на сопирачките и уредите за управување, да не престигнуваат на непрегледни места и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, без положен возачки испит или без придружник, доколку станува збор за возачи-почетници.

Полицијата потсетува и дека продолжуваат секојдневните контролни активности на подрачјето како и дека законски ќе ги санкционира сите прекршоци со мандатни или други поднесоци, зависно од видот на констатираниот прекршок.