четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 68
home Општини

СВР Тетово со засилени контроли: 16 возачи возеле зборувајќи на мобилен телефон

СВР Тетово со засилени контроли: 16 возачи возеле зборувајќи на мобилен телефон

Минатата и оваа недела тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај ги засили контролните активности, во рамките на кои посебен акцент е ставен на користењето сигурносни појаси и употреба на мобилен телефон во возење.

Во овој период заклучно со денеска (24 март) откриени и соодветно санкционирани биле 19 случаи на некористење на сигурносен појас и 16 возачи кои управувајќи возило зборувале на мобилен телeфон. Едните и другите ќе се соочат со поднесоци и парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 40 до 50 евра во денарска противвредност.

-Ваквите активности ќе продолжат, а до возачите се апелира да се придржуваат на законската обврска за користење на сигурносни појаси и да се воздржат од зборување на мобилен телефон  додека возат, со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Неделава, исто така, со несмален интензитет во Тетово продолжија и контролите на паркирањето во градот и пред сѐ на улиците „Илинденска“, „Маршал Тито“, „Благоја Тоска“ и „29 Ноември“. Вчера биле санкционирани и подигнати 15 непрописно паркирани возила, претежно во таканаречени „двојни редови“,  во зона на крстосници и на други недoзволени места.

Коронавирус