среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Општини

СВР Тетово со едукативен проект за велосипедисти, пешаци, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

СВР Тетово со едукативен проект за велосипедисти, пешаци, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

Секторот за внатрешни работи Тетово започнува со реализација на новиот превентивно-информативен и едукативен проект „Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети и запознавање со позначајните прописи и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“.

Целта на проектот, чие мото е „Само искуството е знаење, сé друго е информација и едукација“ е преку непосредно информирање, совети и укажувања да се придонесе за поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и на возачите на електрични тротинети.

-Во рамките на проектот се предвидува организирање на еднодневни информативни средби со пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети, на кои полициски службеници од тетовската Полициска станица и гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај поблиску ќе им ги претстават новините во законската регулатива, а ќе презентираат и корисни совети за оваа категорија на учесници во сообраќајот. Покрај тоа, ќе се дистрибуираат и над 2000 наменски изработени флаери, на македонски и на албански јазик, додека во втората фаза од проектот планирано е и одржување на сообраќајни поуки за прекршители, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Носител на проектот е Отсекот за превенција при СВР Тетово.

ЕУРО 2020

Македонија