среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 78
home Општини

СВР Тетово: Покани за разговор во полиција единствено по писмен пат, не наседнувајте на и-мејл пораки

СВР Тетово: Покани за разговор во полиција единствено по писмен пат, не наседнувајте на и-мејл пораки

СВР Тетово испрати апел до граѓаните да ги пријавуваат во полицијата несоодветните покани за разговор во полициска станица кои им стигаат по електронски пат и е-адреси, по неколкуте евидентирани слуачи деновиве. Од таму потенцираат дека полицијата ги повикува граѓаните единствено по писмен пат со хартиена покана.

-Секторот за внатрешни работи Тетово им соопштува на сите граѓани, физички или правни лица, дека покани за разговор, односно за спроведување на истраги им испраќа во писмена (хартиена) форма со соодветна содржина, а во кои се наведува времето, местото и основата за повикување, но не и по електронски пат на нивни приватни или службени е-адреси. СВР Тетово апелира до граѓаните доколку со пораки-електронски се повикуваат на разговор, да не ги отвораат прикачените документи во прилог на пораките, особено ако им се испратени од за нив познати испраќачи и веднаш да го пријават случајот на телефонскиот број 192, за да се избегнат недоразбирања и нејаснотии и истите да не се изложуваат на непотребни трошоци и губење време, се вели во апелот на тетовската полиција.

Од таму со потсетување до оние кои се обидуваат да прават ваква измама дека се соочуваат со кривично дело „лажно претставување“ (член 391 од Кривичниот законик), за кое е предвидена парична или затворска казна до една година.

Коронавирус