вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

СВР Тетово апелира: Не споделувјате лични податоци на ФБ и Инстаграм

СВР Тетово апелира: Не споделувјате лични податоци на ФБ и Инстаграм

На поширокото тетовско-гостиварско подрачје продолжува појавата да се пријавуваат најразлични злоупотреби на лични податоци преку социјалните мрежи и пред се преку „Фејсбук“ и „Инстаграм“, на кои најчесто се поставуваат, односно објавуваат фотографии, видео-клипови или навредливи текстови и пораки, кои се однесуваат на други лица, без нивна согласност и знаење.

Секторот за внатрешни работи Тетово укажува дека злоупотребувањето на лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година (член 149 од Кривичниот законик). Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

-Оттаму, се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со  непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на „онлајн нарачки“.Ова, во прв ред се однесува на малолетни лица, за да се заштитат од злоупотреба на нивните споделени фотографии или други податоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.