вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 143
home Општини

СВР Штип: За брзо возење полицијата напиша 106 казни

СВР Штип: За брзо возење полицијата напиша 106 казни

Во текот на вчерашнот ден (08.05.) на подрачјето на СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 106 возачи.

Од нив 11 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

ЕУРО 2020

Македонија